Поврзете се со нас

Англија

Грем Потер одговори на шпекулациите кои го поврзуваат со клупата на Тотенхем

Објавено

на

Стратегот на Брајтон, Грем Потер ги искоментира шпекулациите кои го поврзуваат со испразнетото тренерско столче во Тотенхем.

Тренерот кој одлично си ја врши работата  во Брајтон од страна на англиските медиуми е посочен како еден од можните наследници на Жозе Мурињо на „Вајт Харт Лејн“.

Потер кој има договор со Брајтон до 2025 година истакна дека е многу среќен во Брајтон и дека неговиот фокус е на овој тим.

– Мислам дека тоа е предизвикот на фудбалските тренери, постојат многу шпекулации, на позитивен или негативен начин. Пред само неколку месеци ме прашувавте прашања за тоа дали ја имам поддршката од сопственикот. Мојот фокус е на тимот, работам колку што можам подобро, ја чувствувам поддршката на бордот, на играчите и на стручниот штаб и знам дека треба да сработиме уште многу. Не сме завршиле ништо, има уште многу што да се стори и јас сум пресреќен овде, -изјави Потер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни