Поврзете се со нас

Англија

Греј со спектакуларен погодок ги расплака навивачите на Арсенал (Видео)

Објавено

на

Екипите на Евертон и Арсенал го одиграа последниот натправар од 15. коло од англиската Премиер лига во кој на крајот на победа се радуваше домашниот тим.

„Карамелите“ славеа со 2:1 успевајќи да направат пресврт откако Арсенал прв дојде до водство со голот на Мартин Одегард.

Фудбалерите на Евертон во последните десет минути се изборија за тотален пресврт и со тоа веројатно задржување на тренерската работа на Рафа Бенитез кој сигурно ќе добиеше отказ со пораз на натпреварот одигран на „Гудисон“.

Ришарлисон во 80. минута израмни на 1:1, а вистински проектил во 93. минута упати Демаре Греј кој донесе ерупција од радост кај фановите на Евертон.

Со оваа победа Евертон ја прекина серијата од три порази по ред и стигна до 12. позиција, додека пак Арсенал сега е на седмото место со еден бод помалку од шестопласираниот Манчестер ЈУнајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни