Греј со генијален потег му ја обезбеди првата победа на Вотфорд по 12 кола во Премиер лигата (Видео)

grej-genija

Стартот на 12-то коло во англиската Премиер лига ни донесе битка на два тима кои грчевите ќе се борат за опстанок, а во пресметката на екипите кои и натаму остануваат во опасната зона, Вотфорд конечно успеа да забележи победа во елитното друштво.

Избраниците на Кике Санчез Флорес заминаа на гостувањето на „Кероу Роуд“ кај Норич без ниту една победа во 11 одиграни натпревари, но вечерва благодарение на двоецот Деулофеу – Греј, Вотфорд го оствари првиот триумф оваа сезона. Деулофеу најпрво постигна одличен соло гол, а потоа во вториот дел беше асистент во акцијата во која посебно до израз дојде Андре Греј кој со генијален потег ја погоди мрежата на Крул за конечни 0:2.

Facebook Коментари