Поврзете се со нас

Репрезентација

Грците силно тргнаа кон Париз – Адетокумбо со 32 поени за 18 минути

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Грција ја совлада Доминиканската Република со резултат 109:82 во првиот натпревар од квалификацискиот турнир за Олимписките игри.

Тоа беше вечер во која доминираше еден играч – Јанис Антетокунмпо.

За првата ѕвезда на Грците ова беше прв официјален натпревар по речиси три месеци, очигледно беше дека сака да игра кошарка, а Доминиканците од прва рака почувствуваа како е кога Јанис ја води играта и се прашува за се.

Асот на Милвоки одигра само 18 минути, но и тоа време поминато во игра беше доволно да покаже колку е моќен против своите ривали – натпреварот го заврши со 32 поени.

Беше без промашување од поле, шутираше 10/10 за два шута, 1/1 за три, промаши само кога стоеше на линијата за слободни (9/13).

Следниот натпревар Грција го игра против Египет, против кого е голем фаворит, исто како што е во оваа група, но и на целиот турнир, на кој во втората група учествуваат Нов Зеланд, Хрватска и Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни