Поврзете се со нас

Свет

Грците објавија нови детали од хаосот во ноќниот клуб: Шариќ претепан лежел во несвест

Објавено

на

Веста на денот во кошаркарскиот свет во понеделник беше дека хрватските репрезентативци учествувале во тепачка во ноќен клуб во Атина, по поразот во финалето на квалификацискиот турнир за Олимписките игри.

А сега испливаа нови информации за инцидентот. На интернет во понеделникот вечерта се појавија снимки од инцидентот од споменатиот ноќен клуб во грчката престолнина, во кој учествуваа хрватските кошаркари Ивица Зубац и Дарио Шариќ.

Грчките медиуми открија нови информации поврзани со инцидентот. Имено, според нивното пишување, Зубац и Шариќ прво се судриле со другите гости, а потоа и со обезбедувањето.

Наводно, се започнало кога Ивица Зубац се скарал со некого, а Дарио Шариќ скокнал да го одбрани. Сепак, новиот кошаркар на Денвер Нагетс го добил првиот удар, кој го приземји на земја, каде накратко лежел неподвижен и онесвестен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни