Поврзете се со нас

Лига на нации

Грците направија сензација на „Вембли“, Италија ја прокоцка предноста по исклучувањето на Пелегрини (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/England

Англиските фудбалски фанови мислеа дека Џуд Белингам ги спаси од неочекуван пораз од Грција на „Вембли“, но нашиот јужен сосед приреди втор шок за домашните фанови со гол за победа во судиското надополнување.

Грците поведоа со голот на Павлидис во 49. минута, а таа предност ја имаше до 87. минута, кога Белингам успеа со удар надвор од шеснаесетникот да израмни и да предизвика воодушевување кај англиските навивачи.

Но, нецели седум минути подоцна, по една мешаница во шеснаесетникот, Павлидис повторно го совлада Пикфорд и ги постави конечните 1:2, за прва грчка победа на „Вембли“ во историјата.

Италија имаше сигурна предност на дербито со Белгија, но црвениот картон на Лоренцо Пелегрини ги расипа сметките на Лучијано Спалети.

Камбијасо и Ретеги донесоа 2:0 за „азурите“, но по исклучувањето на Пелегрини, Де Кујпер успеа да намали. Во вториот дел реализираше и Тросард, па Белгија на крајот освои важен бод на овој дуел од Лигата на нации.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни