Поврзете се со нас

Лига на нации

Грција реди победи во чест на Балдок, Австрија ја декласираше Норвешка предводена од Халанд (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/oefb1904

Три дена по големата победа над Англија, селекцијата на Грција вечерва запиша нова победа во Пиреа, овојпат над селекцијата на Ирска.

Грците остануваат стопроцентни по четири одиграни меча во Лигата на нации и се први во својата група, но што е најважно, избраниците на Иван Јовановиќ покажаа сплотеност и зрелост во многу тешки и емотивни моменти.

Ненадејната смрт на Џорџ Балдок ги фрли во неверица сите во соседството, но оваа лоша вест се преточи во добри настапи на теренот од националната селекција, која вечерва славеше со 2:0 против Ирска.

Бакасетас и Манталос своите погодоци му ги посветија на трагично починатиот Балдок, а со новите три бода, Грција сега има 12 како лидер на групата.

Во Лигата А во Лигата на нации вечерва се играше и дерби меѓу Австрија и Норвешка, а истото им припадна на домаќините со убедливи 5:1.

Австријците се реваншираа за поразот од пред еден месец, односно наплатија со камата и до врв го наполнија голот на Ниланд.

Двата гола на Грција погледнете ги ТУКА

Головите од Австрија-Норвешка погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни