Поврзете се со нас

Олимписки игри

Грција ја уништи Словенија, Дончиќ и компанија нема да играат во Париз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/HellenicBF

Селекцијата на Грција ја уништи Словенија со 96:68 во денешното полуфинале на олимписките квалификации на турнирот што се игра во Атина.

Грците важеа за фаворити на овој меч не само поради предноста на домашниот терен туку и поради свежината и она што го прикажаа на претходните натпревари, статус кој го потврдија со вистинска лекција за избраниците на Секулиќ.

Нашиот јужен сосед имаше пеколна прва четвртина која ја доби со 32:14, па водени од таа енергија лесно се справија со противникот во останатиот дел од средбата, па сега мирно ќе можат да го дочекаат ривалот за финалето кој ќе биде подобриот од Доминиканска Република и Хрватска.

Лидер кај победникот беше Вокап со 19 поени, 6 скока и 2 асистенции, додека Дончиќ кај поразените реализираше 21 поен со 7 скока, 5 асистенции, но имаше дури 10 загубени топки.

Само победникот на турнирот обезбедува билет за ЛОИ во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни