Поврзете се со нас

Англија

Грчкиот газда на Нотингем доби казна затоа што плукал во насока на судиите

Објавено

на

foto:www.facebook.com/officialnffc

Нотингем Форест има многу забелешки за судиите и ВАР уште од почетокот на сезоната, а сопственикот на клубот Евангелос Маринакис сега доби и конкретна казна од дисциплинците во Премиер лигата.

Грчкиот бизнисмен нема да смее да присуствува на стадионите на кои „шумарите“ ќе ги одиграат следните пет натпревари во првенството, а причина е испадот на Маринакис на сметка на судиите.

Инцидентот се случил по поразот од Фулам на домашен терен на 28. септември, кога Маринакис плукнал во насока на судиите во тунелот кој води до соблекувалните.

Газдата на клубот тврдел дека плукањето било последица на кашлицата од големиот број испушени пури, но видео записот ја потврдил верзијата на судиите, кои процениле дека Маринакис фактички испорачал понижувачки потег и сакал да им испрати порака.

Казните за претставници на Нотингем зачестија по јавните критики и обвинувања за официјалните лица, па тренерот Нуно Сантош доби три меча суспензија поради црвен картон, додека Морган Гибс-Вајт добил суспензија на еден натпревар поради протест кон судијата откако добил црвен картон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни