Поврзете се со нас

Конференциска лига

Грчки предизвик за Ристовски и Динамо Загреб во Конференциската лига

Објавено

на

По ждрепката за осминафиналната фаза во Лига Европа во Нион беше извршено извлекувањето и на паровите за осминафиналната рунда во Конференциската лига на УЕФА.

Ливерпул и Милан добија противници по мерка во осминафиналето на ЛЕ

Највозбудлива пресметка треба да биде онаа меѓу Ајакс и Астон Вила, два тима кои играа отворен и напаѓачки фудбал што е гаранција дека ќе видиме доста погодоци на двомечот.

Динамо Загреб на Стефан Ристовски доби грчки предизвик и тоа во составот на ПАОК. Хрватскиот тим во претходната рунда го елиминираше Бетис, па дефинитивно ќе има што да каже против клубот од Солун, односно има реални шанси за пласман во следната фаза.

Првите дуели ќе се одиграа на 7 март, реваншите се наредната седмица-14 март.

Осминафинални парови:

Сервет-Плзен

Ајакс-Астон Вила

Молде-Бриж

Унион Сант Жилоаз-Фенербахче

Динамо Загреб-ПАОК

Штурм-Лил

Макаби Хаифа-Фиорентина

Олимпијакос-Макаби Тел Авив

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни