Поврзете се со нас

Македонија

Грчевски ќе го води Бутел и во наредната сезона

Објавено

на

Кристијан Грчевски и во иднина ќе го предводи македонскиот ракометен прволига Бутел.

Од клубот информираа дека со Грчевски се договориле за продолжување на соработката за уште една сезона. Инаку Грчевски е човекот кој му го има донесено најголемиот успех на Бутел во Суперлигата, па се надева дека клубот ќе продолжи да расте и напредува во наредниот период.

-По една успешна сезона, продолжувањето на соработката беше очекувано. Тука сум четири сезони, едноставно сум свој и не би сакал нешто да променам. Клубот секојдневно расте, растат и амбициите. Работиме по добар систем во кој младите се многу застапени во целиот процес, но и поискусните го даваат она што навистина му треба на еден тим – искуството.

-Целиот спој на младост, искуство, добар тренерски тандем и добра конекција со управата не красат како клуб. Нормално е секоја сезона некој да си оди, да дојде некој друг. Знаеме сите што ни се случи, но успеавме да ги пребродиме сите трагедии. Останувам уште една сезона, која ќе биде многу тешка, бидејќи сите екипи се засилуваат, квалитетни се, ќе биде тешка борба за плеј-оф и излез во Европа. Ќе пробаме да донесеме неколку засилувања, но ништо плус од она што навистина ни треба, порача Грчевски.

Досега Бутел ги доведе бековите Стефан Крстевски и Филип Николов, а ги продолжи договорите со кружните напаѓачи Владимир Јевтиќ и Стефан Стојчевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни