Поврзете се со нас

Репрезентација

Грчевски го објави списокот на ракометарки за пресметките со Шпанија

Објавено

на

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави списокот на ракометарки за пресметките со Шпанија во квалификациите за пласман на Европското првенство кое оваа година се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

На скратениот список се најдоа 20 ракометарки од кои само шест се од домашниот шампионат и тоа од редовите на Ѓорче Петров.

Средбите со „црвената фурија“ се закажани за 29 февруари во Скопје и 3 март во Ланзароте.

Само за потсетување нашата  селекција има два од два во групата, поточно славеше над Азербејџан и Литванија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни