Поврзете се со нас

АБА лига

Гравет трагичар во возбудливата завршница со Подгорица, МЗТ тргна со пораз во АБА2

Објавено

на

АБА2 турнирот во Златибор започна на најлош можен начин за дебитантот Работнички кој вчера претрпе тежок пораз од Студентски Центар, а вториот натпреварувачки ден донесе шок и за вториот македонски претставник.

МЗТ Скопје одигра егал натпревар со Подгорица, но во неизвесната завршница на крајот загуби со тесни 72:74 и со самото тоа не ја оправда фаворитската улога која им се даваше на „металците“ пред средбата.

Во лудата завршница, нашиот претставник имаше шанса за последен напад со кој можеше да дојде до израмнување или победа, но за жал, Гравет направи голема грешка и со загубената топка му ја додели победата на аутсајдерот од Црна Гора.

Како клучен на крајот се покажа падот на МЗТ на средина на последниоит период, кога противникот се врати од негатива 61:54 и со серијата до 11:2 најави неизвесен финиш во кој на крајот составот од Подгорица подобро се снајде. Во таборот на МЗТ, најрасположен за игра беше Андрија бојовиќ кој мечот го заврши со 24 поени и 9 скока, следеше Гочер со 21 поен, додека трагичарот Гравет имаше 14 поени.

Подгорица ќе биде следен противник на Работнички во втората рунда, додека МЗТ во второто коло ќе ги одмери силите со Сутјеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни