Поврзете се со нас

Англија

Гравенберх го „поздрави“ Мазрауи, Мароканецот тргна да се жали кај судијата Оливер (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Ливерпул и Манчестер Јунајутед одиграа меч со четири погодоци на „Енфилд Роуд“, меч кој на крајот заврши со поделба на бодовите и конечен резултат 2-2.

Двете екипи беа во позиција да водат, имаа можности и да слават, да ги освојат трите бода, меѓутоа ова реми се чини е најреален резултат.

Беше доста возбудливо, динамично, судијата Мајкл Оливер додели и шест жолти картони, односно имаше се што треба да има едно дерби на два големи клуба.

На теренот имаше и играчи кои добро се познаваат, ама играат на спротивни страни, па доста вирално стана видеото во кое во главна улога се Рајан Гравенберх и Нусаир Мазруи.

Холанѓанецот реши да се пошегува и пријателски да го поздрави играчот кого многу добро го познава од Ајакс каде играа заедно прво во младите категории, вториот тим и потоа во првата екипа.

Насмеанио Рајан скокна на Мароканецот кој пак се обиде да ја искористи оваа ситуација и се пожали кај главниот арбитар Оливер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни