Гранољерс со гол во последните секунди ја прекина неверојатната серија без пораз на Барселона (Видео)

Borko-barsa1

Барселона доживеа непријатен пораз пред своите фанови од Гранољерс (28:29), а голот во последната секунда на гостите значеше и крај на неверојатно долгата серија на Каталонците без пораз во АСОБАЛ лигата.

Борко Ристовски бранеше во првиот дел во кој собра 6 одбрани, но не беше на голот во завршните секунди. Најпрвин Барселона од седмерец израмни на 28:28 на седум секунди до крајот, за Гранољерс да успее по тајм-аутот да постигне погодок за конечни 28:29 и голема радост за гостинскиот тим во „Блауграна“. Стрелец на голот за победа беше Роландас Бернатонис кој постигна 6 голови на оваа средба.

Барселона која веќе ја обезбеди титулата, последен пат загуби во шпанското првенство на 18. мај 2013 година од Ла Риоха, a изминатиот период одигра 146 натпревари без пораз.

Facebook Коментари