Гранит Џака го привлече вниманието со автомобилот со кој пристигна на тренингот на Арсенал (Фото)

obaxhaka

Арсенал ја продолжи својата серија без победа откако вчера под водство на Фреди Љунберг не успеаја да го совладаат Норвич и ремизираа со 2:2.

Клубот од Северен Лондон минува низ турбулентен период, а фудбалерите често се следени од медиумите и фановите кои не пропуштаат прилика да ги испровоцираат.

Утрово играчите на клубот пристигнаа на редовниот понеделнички тренинг по разочарувачкото издание против Норвич. Вниманието го привлече Гранит Џака кој и досега беше во центарот на случувањата во клубот.

Гранит Џака на тренинг пристигна со својот Смарт автомобил кој чини некаде околу 12.000 евра, а интересно беше што во близина беше паркиран автомобилот, Ламбурџини на Пјер Емерик Обамејанг кој чини околу 350.000 евра.

xhaka1 xhaka

Facebook Коментари