„Гран клуб“ му донесе среќа: Бонд го посети Скопје, па направи сензација на турнирот во Јорк

selected 001

Најџел Бонд направи вистинско изненадување на денешниот натпреварувачки ден на престижниот снукер турнир познат како Британски шампионат, елиминирајќи го во третото коло еден од најголемите фаворити за трофејот, Џад Трамп.

За 54-годишниот Бонд ова е прв настап откако неодамна ја посети Македонија и во соработка со националната снукер федерација и „Гран клуб“, одржа тренинзи и работилници со актуелни снукер играчи и тренери. Очигледно дружењето со македонската снукер сцена во „Гран клуб“ позитивно влијаеше на снукер ветеранот, па денеска тој го совлада Трамп со 6:3 и го направи најголемото изненадување на турнирот во Јорк.

– Тој е играч кој освојува трофеи, што барам јас тука? шеговито изјавил Бонд по големата победа која сериозно одекна меѓу снукер фановите.

– Џад имаше неколку промашувања што ми помогна, но јас сакав да им покажам на луѓето дека не сум заборавил да играм. Кога се чувствувам добро, мојата игра е тука, – изјавил Бонд кој во моментов е преокупиран повеќе како тренер, отколку како играч.

Во следната рунда, односно осминафиналето, Бонд за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Џо Пери и Гери Вилсон. Големиот пријател на македонската снукер сцена стигна до финалето на Светскиот шампионат во 1995 година, играше во полуфиналето на истиот турнир следната година, а во пикот на кариерата беше и на петтото место на снукер ранкингот.

Facebook Коментари