Англија
„Граѓаните“ во успешна акција: Сити договори засилување од Франција (ВИДЕО)
Манчестер Сити е на добар пат да го обезбеди првото засилување во овој зимски преоден рок, засилување кое доаѓа од француската Лига 1.
Како и што се очекуваше, англискиот шампион ќе биде активен и ќе притиска на пазарот, а тие напори вродија за да се дојде до ангажман на талентираниот дефанзивец на Ланс, Абдукодир Хусанов. Хусанов има само 20 години, ама со неговите изданија во дресот на досегашниот клуб го привлече вниманието на поголемите екипи со тоа што Сити беше најбрз, најконретен и го доби потписот.
Според информациите Сите ќе исплати фиксни 40 милиони евра, сума која ќе може да порасне ако се исполнат одредени клаузули во договорот. Абдукодир ќе се обврзе на соработка до 2029 година со опција за уште една сезона и со тоа воедно ќе испише историја затоа што ќе стане првиот Узбекистанец што ќе заигра во Премиер лигата.
Во тековнава сезона одигра 16 мечеви во сите конкуренции и забележа 1 асистенција.
-
Англија9 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија16 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија11 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија15 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Репрезентација4 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Италија16 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Шпанија2 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)