Поврзете се со нас

Шпанија

Градското дерби понуди нов спектакл: Гризман постигна мајсторски гол, Атлетико го елиминираше Реал! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Една седмица по брилијантната пресметката која ја режираа на Суперкупот во Ријад, Атлетико и Реал Мадрид се погрижија за нов фудбалски спектакл, овојпат на домашно тло во шпанската престолнина.

Атлетико беше домаќин на „Метрополитано“ во осминафиналето на Копа дел Реј, а исто како и пред една недела, повторно мораа да се играат дополнителни 30 минути за да се реши прашањето околу победникот.

Реал беше подобар и поуспешен во Ријад каде славеше со 5:3, но градскиот ривал денеска се реваншираше и во фудбалски жаргон се погрижи за таканаречена „слатка одмазда“.

Тимот на Диего Симеоне заслужено стигна до четвртфиналето и го елиминираше лутиот градски ривал, бидејќи најпрво двапати водеше во регуларниот дел, а потоа постигна и по еден гол во двете продолженија.

Лино погоди за 1:0 во 39-та минута, Реал одговори пред самиот крај на првиот дел со автоголот на Облак, но по киксот на Словенецот, со грешка одговори и Лунин во вториот дел. Тоа му овозможи на Мората да стрела за 2:1 на празна мрежа, но Реал повторно не се откажа и израмни преку Хоселу за продолженија.

Во овој дел, Гризман режираше вистинска магија и постигна фантастичен гол за 3:2, а точка на победата стави младиот Рикелме кој рутински ја спроведе топката во мрежа по додавањето од Мемфис Депај во 119-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни