Англија
Градскиот комитет во Ливерпул донесе конечна одлука за дербито на „Енфилд“ (Фото)
Градот Ливерпул мораше да одржи вонреден состанок за големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед кое е денеска подоцна на програмата, а после направената проценка од страна на експертски лица, донесена е одлука одредениот термин да остане на сила.
Поради снежната бура во Ливерпул, се појави опасност големото дерби да биде одложено и презакажано за друг ден, но советодавниот комитет за безбедност во градот Ливерпул оценил дека не постои ризик да се пристигне ова попладне на стадионот.
Најголема грижа за Премиер лигата како организатор беше сигурното пристигнување на фановите на своето место на „Енфилд Роуд“, но советодавниот комитет оценил дека нема простор за грижи и дал зелено светло за одигрување на мечот.
Дербито и официјално ќе се одигра ова попладне во 17:30 часот во фудбалскиот дом на Ливерпул, стадион кој ќе биде домаќин на уште една голема пресметка меѓу лутите ривали.
Ливерпул пристигнува на натпреварот како лидер на табелата и апсолутен фаворит за трите бода, па останува да видиме дали Јунајтед ќе успее да изненади, или ќе ја продлабочи својата криза.
Liverpool's match against Manchester United will go ahead as planned after safety meetings were held to assess the weather and travel conditions 🚨 pic.twitter.com/ZZSiCCA5bN
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 5, 2025
-
АТП7 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија16 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Англија17 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП15 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Артета: Ако од 1000 натпревари мораш да загубиш еден…
-
Италија15 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер