Поврзете се со нас

Италија

Градоначалникот на Неапол го објави новото име на стадионот „Сан Паоло“

Објавено

на

И дефинитивно ќе дојде до промена на името на стадионот „Сан Паоло“, домот на калчолигашот Наполи.

Оваа информација ја потврди градоначалникот на Неапол, Луиџи Де Маџистрис кој преку социјалните мрежи објави дека новото име ќе биде Стадион Диего Армандо Марадона. Ова е во чест на популарниот Ел Пибе кој пред неколку денови почина во 60 година од својот живот во кој остави голема трага носејќи го дресот на наполитанците.

-Имаше многу прекрасни идеи, но на крајот на денот, името ќе биде: Стадион Диего Армандо Марадона, -порача Маџистрис.

Процедурата за промената на името е веќе во тек, а сите предмети што изминативе денови ги оставија пред стадионот ќе биде внесени внатре во арената во посебна просторија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни