Поврзете се со нас

Шпанија

Градоначалникот на Мадрид со порака до Винисиус: Барам веднаш да се поправи и да се преиспита

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Винисиус Жуниор повторно стана топ тема во шпанската спортска јавност од денеска наутро, а причина за тоа е неговото ексклузивно интервју за „Си-Ен-Ен“ кое го искористи за повторно да зборува за расизмот во оваа земја.

Бразилецот си даде за право да испраќа совети до ФИФА и нагласи дека светската организација треба да ја остави Шпанија без организацијата на мундијалот во 2030-та година доколку не се поправи ситуацијата со расизмот, изјава која секако брзо предизвика лавина реакции во јавноста, бидејќи многумина истата ја протолкуваа како невкусна провокација.

Шпанските новинари ова попладне го искористиле обраќањето на градоначалникот на Мадрид за да постават прашање на оваа спортска тема, а Луис Мартинез Алмеида без размислување му порачал на Винисиус дека мора итно да се преиспита.

– Сите сме свесни дека има епизодни испади на расизам во општеството и треба да работиме напорно за да ги елиминираме тие индивидуални потези. Но, целосно неправедно е да се каже дека Шпанија и Мадрид е расистичко општество.

– Уште полошо е што ја доведува во прашање организацијата на мундијалот. Барам веднаш да се поправи и итно да се преиспита. Мора да се поправи и да побара извинување за тоа што го изјави. Знае дека ќе бидеме на негова страна кога ќе има лоша епизода од расист, но нема да бидеме на негова страна кога сите ќе не нарече расисти. Тоа не е вистина. Кога некој греши, треба да излезе во јавноста и да се извини. Го очекувам тоа од Винисиус, – изјавил градоначалникот на Мадрид.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни