Градоначалникот на Бергамо: 40 илјади навивачи се заразија на „Сан Сиро“!

atalanta-valensija

Коронавирусот пустоши во Италија и секој ден се јавуваат по нови 600 или 700 смртни случаи, бројки кои делуваат навистина застрашувачки со оглед на тоа што првиот заболен беше пријавен пред само еден месец.

Новиот смртоносен вирус зема голем замав на чизмата и веќе Италија за жал е земја која бележи рекордни бројки по починати пациенти, но покрај потценувањето на заразата, експертите почнаа да излегуваат со ставови дека огромен причинител за кризата која владее во околината на Бергамо и Милано е натпреварот кој се одигра во Лигата на шампионите.

Пресметката која се играше меѓу Аталанта и Валенсија на „Сан Сиро“ беше од историски карактер за клубот од Бергамо, но покрај италијанскиот епидемиолог и капитенот на Папу Гомез кои посочија дека натпреварот имал многу негативно влијание врз ширењето на коронавирусот, сега се јави и градоначалникот на овој град.

– Натпреварот беше биолошка бомба. Во тој момент не знаевме што се случува. Првиот пациент во Италија беше пријавен на 23-ти февруари. Ако вирусот веќе циркулирал, сите 40 илјади навивачи на „Сан Сиро“ се заразија таа вечер. Никој не знаеше дека вирусот е веќе меѓу нас. Многумина го гледаа натпреварот сортирани во групи и имаше премногу контакти меѓу фановите таа ноќ. Вирусот се префрлал од еден на друг, – порачува Џорџо Гори, градоначалникот на Бергамо.

 

Facebook Коментари