Поврзете се со нас

Шпанија

Говорот на Одриозола ги воодушеви фановите на Реал: Има еден многу убав збор во шпанскиот речник! (Видео)

Објавено

на

Зинедин Зидан конечно почна да му верува на Алваро Одриозола и младиот десен бек собра осум настапи на последните осум натпревари кои ги одигра Реал Мадрид, а како играч кој трпеливо ја чекаше својата шанса и професионално работеше во текот на целата сезона, сега ги воодушеви фановите на клубот со својата скромност и извонредниот говор.

Одриозола одработи интервју за официјалната телевизија на Реал Мадрид и истото датира од неделата попладне, но шпанските медиуми и покрај тоа одлучија да го пренесат со мало задоцнување, бидејќи содржината на говорот не остава рамнодушен ниту еден фан на „кралскиот клуб“.

Алваро е пример за тоа како треба да се однесува еден професионалец кој секогаш му стои на располагање на тимот, а сфаќањата кои ги има и вредностите кои ги добил како играч на Реал направија да биде најспоменуван играч меѓу фановите во последните неколку часа.

– После сите големи проблеми, Ковид, повреди и други нешта, докажавме колку вреди овој грб, нашето мото е дека се бориме до смрт. Фокусирани сме на себе, одигравме добар меч и заслуживме победа. Ние сме Реал Мадрид, ние ќе се бориме до самиот крај.

– Горд сум на сите играчи во овој тим. Работите беа навистина комплицирани оваа сезона и има еден навистина убав збор во шпанскиот речник. Отпорност. Тоа е зборот кој ја дефинира нашата сезона. Отпорни сме на се оваа сезона, отпорни сме на сите. Ќе се бориме до крај и се надеваме дека ќе добиеме награда, – изјави Одриозола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни