Поврзете се со нас

Англија

Говорот на Анри за Белингам стана топ тема во Англија и Шпанија: Знаете дека не сум човек на Реал Мадрид….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тјери Анри во своето гостувањето во студиото на „Скај Спортс“ доби за задача да ги коментира изданијата на англиските фудбалери кои имале позначаен учинок за познати странски клубови, а сосема очекувано, главна тема на разговор стана фудбалерот кој е во голема мода во Шпанија, но и на Островот.

Џуд Белингам ги надмина сите очекувања и на најголемите оптимисти и брзо се претвори во вистинска ѕвезда на Реал Мадрид, а начинот на кој Тјери говореше за него, направи видеото да стане вирален хит.

Повикувајќи се на своето искуство, Французинот посочи дека играчите во Англија треба да бидат среќни што играат во Премиер лигата, бидејќи според него, притисокот е далеку поголем во Шпанија ако играте за Реал Мадрид или Барселона.

– Ова момче најгоре… Џуд Белингам…. Знаете дека не сум човек на Реал Мадрид, сите го знаат тоа. Но, го видов него уште на првиот меч со Англија, мислам дека беше против Сан Марино. Постојано ја бараше топката, кога и да го видев, тој не се криеше, тој ја бараше топката.

– Поради вакви играчи треба да им се оддаде признание на тренерите. Системот кој го промени Анчелоти 4-3-1-2 е само за него. Имав можност да играм во повеќе национални првенства. Играв во Франција, Италија, Англија и во Шпанија. На фудбалерите им е лесно во Англија. Притисокот кој го има во Шпанија е неверојатен, тоа го прави Џуд уште поспецијален.

– Треба да се покажете секоја вечер кога играте за Реал или Барселона. 6 до 7 страниците на весникот „Марка“ се за Реал Мадрид. Има голем притисок од јавноста, очекувањата се огромни. На сето тоа, тој ја зема 5-та, бројот на Зидан и потоа слави како што сите знаеме…. Секоја чест момче, – порача Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни