Шпанија
Говорот на Анчелоти кој го промени последното финале во ЛШ (Видео)

Реал Мадрид на 1-ви јуни стигна до својата 15-та титула во Лигата на шампионите и само уште еднаш потврди дека е недопирлив крал во европскиот фудбал, совладувајќи ја амбициозната Борусија во големото финале.
Тимот од Дортмунд му направи огромни проблеми на фаворитот во првото полувреме и пропушти големи шанси за предност, по што искуството дојде до израз во вториот дел во кој Реал постигна два гола преку Дани Карвахал и Винисиус Жуниор.
Во соработка со „Амазон Прајм“, Реал Мадрид подготви нов документарец за рекордната титула во Европа, а сега „Ел Чирингито“ го доби ексклузивното право да сподели еден материјал.
Познатата шпанска емисија го пренесе говорот кој го сменил текот на финалето на „Вембли“, односно обраќањето на сериозниот Анчелоти по крајот на првиот дел.
– Мора да бидеме трпеливи…. Колку топки изгубивме? Колку топки изгубивме? Не треба да ризикуваме….. Кога ја губиме топката, постојано е контра. Не треба да го правиме ова, – вели Анчелоти, кој во документарецот објаснува дека ја променил структурата на средниот ред за тимот да добие многу поголема стабилност во одбрана.
– Да го повлечеме малку блокот, да бидеме покомпактни и да ја вратиме топката во свои нозе, – додава Дон Карло.
😡 "¿CUÁNTOS BALONES HEMOS PERDIDO?"
🔥 ANCELOTTI, más caliente que nunca en el descanso de la última final de Champions.
Adelanto del documental de Prime Video en #ChiringuitoMadrid. pic.twitter.com/xRi44QWc1M
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) February 10, 2025
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет21 час
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација21 час
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет20 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)