Англија
Готи: Бесниот Мурињо сакаше да ја откорне вратата на „Стемфорд Бриџ“

Лука Готи во овој момент е прв тренер на Специја, но ќе ја отвори четвртата година како самостоен тренер во Серија А откако претходно работеше и во Удинезе како шеф на стручниот штаб.
Сепак, кога се во прашање фудбалските анегдоти од натпреврите во елитниот фудбал, Готи вели дека најмногу спомени има од сезоната во Премиер лигата, кога му беше помошник на Маурицио Сари во Челси.
Готи вели дека никогаш нема да го заборави дербито меѓу Челси и Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“, на кое еден од асистентите на Сари го испровоцира Жозе Мурињо со својата прослава за израмнувачки гол во 96-та минута (2:2).
– Јас добро видов дека Марко Јани сака да истрча пред Мурињо по голот. Добро ја прочитав ситуациајата и видов се што се случи. Не бевме задоволни од тоа и го прашавме Марко зошто постапи така.
– Мурињо беше екстремно бесен, сакаше да ја откорне вратата пред собата за тренери. Седеше надвор неколку минути и не чекаше. Успеавме некако да ја смириме ситуацијата, Марко се извини за тоа што го направи. Помогна фактот што Мурињо работеше многу долго во Челси и реши да сврти лист за инцидентот, – открива Готи.
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 24 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 16 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“