Гостиварчанец ја замолил продавачката да му избере грепка и добил висока премија!

Dijamant dobitnik dario gostivar

Инстант лотаријата „Дијамант“ на Државна лотарија на Македонија му донесе премија на редовниот играч Дарио Мирковски од Гостивар, кој за себе открива дека постојано купува и гребе најразлични инстант лозови, но досега имал само утешни награди.

Овој пат на „среќното место“ на ДЛРМ лоцирано во трговскиот центар Сити Мол, купил седум инстант лоза. Претходно, секогаш самиот ги одбирал, но овој пат оставил за него тоа да го направи вработената. Откако ги изгребал лозовите не му се верувало дека има прстен вреден 300 000 денари.

Дарио ја подигнал својата добивка од ДЛРМ заедно со својата сопруга, со која ни раскажаа дека и на неодамнешната нивна свадбена свеченост побарале од гостите наместо цвеќе да им донесат инстант лозови, во кои немале поголеми добивки, но сепак изгребале вкупно 6.000 денари.

Ова е втора од 15-те добивки од 300 000 денари од инстант лозот „Дијамант“, а заедничко за двајцата добитници е што се родени на 8-ми , но во различен месец.

Инаку, во оваа игра на среќа покрај 15. добивки од 300 000 денари, нуди и 20 добивки од по 150.000 денари, 25 добивки од по 50.000 денари и бројни други парични добивки. Начинот на дознавање на добивката е интересен, бидејќи лозот содржи десет игри со до десет можности за добивка. Најголема возбуда се внесува со потрагата по прстенот кој носи еднокртатна добивка и дијамантот кој доколку го пронајдете меѓу другите симболи, добивката ви се удвојува. Дијамант е најновиот член на семејството на инстант лотаријата кој е пласиран на 18.10.2017 година и веќе донесе две многу возбудливи и интересни приказни.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО !

Facebook Коментари