Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар со порака: Имаме една цел, да станеме шампиони!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KFGGostivari

Овој викенд се враќаат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига, а пред истите со соопштение се јави Гостивар.

Гостивар е еден од најамбициозните клубови, состав кој е при самиот врв во шампионатот со два бода помалку од водечките Силекс, Шкендија и Работнички, додека во Купот има обезбедено четвртфинале во кое за ривал ќе ја има Струга Трим Љум.

Од таборот на гостиварци порачаа дека тие имаат една и единствена цел, да станат шампиони на Македонија и да играат во Европа.

Воедно тие порачаа дека жалат што своите домашни средби ќе продолжат да ги играат во Скопје, но ги повикаа навивачите да дојдат и да им дадат поддршка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни