Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар со лекција за Работнички, победи и за ТФТ и Академија ФМП

Објавено

на

Гостивар на домашен терен му го нанесе првиот пораз на Работнички сезонава, а тоа го направи на убедлив начин, со победа со резултат 91:65.

Ворку реализирал 24, а Ефремовски и Тодоровиќ 13 поени во триумфот на Гостивар, додека кај Работнички Мустафица и Данаиловски го завршиле дуелот со по 11 поени.

Со овој триумф Гостивар сега има ист ефект (3-1) како Работнички и МЗТ Скопје, а лидер по денешниот натпреварувачки ден е тимот на ТФТ.

Скопскиот тим славеше над вториот тим на МЗТ со 91:85 и на тој начин стигна до четвртата победа сезонава.

Хортон со 19 и Николов со 17 поени биле предводници на ТФТ на оваа средба, а најдобар реализатор во составот на МЗТ Скопје Уни Банка бил Рансом со 29 поени.

Навико Академија ФМП неочекувано убедливо го совлада Еуро Никел (80:65), откако гостите од Кавадарци постигнаа по едвај триесет поени во двете полувремиња.

Ајви со 17 и Стојановски со 16 поени биле најрасположени во нападот кај ФМП, а Калахан постигнал 22 поени во дресот на Еуро Никел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни