Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар се засили со поранешен младински репрезентативец на Србија

Објавено

на

Тимот на Гостивар продолжува да го формира ростерот за натпреварувачката 2021/2022, а најновото засилување е поранешниот младински репрезентативец на Србија, Никола Силаџи.

Силаџи во претходнава кампања беше активен во Македонија, прво настапуваше за Кожув за да потоа се пресели во Пелистер што значи добро ја познава нашата кошарка.

Никола е играч кој освен во Србија и Македонија има настапувано во Унгарија, Романија, Словачка и БиХ, па дефинитивно со неговото искуство и квалитет треба да биде квалитетно засилување за екипата предводена од Александар Тодоровиќ.

Претходно Гостивар ги доведе Виктор Ефремовски и Војче Лефковски, додека потписи на нови договори ставија Александар Костоски, Марјан Јанески, Александар Тодоровиќ како и браќата Роберт и Ренато Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни