Македонија
Гостивар се засили со искусен напаѓач пред стартот на подготовките во Хрватска

Гостивар има цел да се бори за шампионската титула во пролетниот дел од сезоната, а амбициозниот прволигаш од денеска е посилен за искусниот Антонио Каланоски.
30-годишниот напаѓач остана без клуб откако се раздели со Брера Струмица по првиот дел од сезоната, но сега прави трансфер во клуб кој има далеку поголеми очекувања во пресрет на вториот дел од шампионатот.
Каланоски беше еден од низата првотимци кои си заминаа од клубот од Струмица во месец декември, а покрај настапите за Брера, претходно во кариерата настапуваше за Силекс, Шкупи, Беласица, Победа, Струга, Борец, Еуромилк, Металург, Локомотива и Охрид.
За офанзивниот фудбалер ова ќе биде второ искуство во редовите на Гостивар, клуб чии бои ги бранеше и во сезоната 2022/23.
Гостивар првиот дел од сезоната го заврши на четвртото место со само два бода помалку од лидерот на табелата, па секако дека има доволно аргументи да се надева на успех при рестартот на шампионатот.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија24 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..