Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар се засили со двајца играчи кои настапувале за Борусија Дортмунд

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KFGGostivari

Амбициозниот тим на Гостивар се пофали со уште две засилувања кои треба да донесат квалитет и да ја зголемат конкуренцијата во составот за натпреварувачката 2024/2025.

Нов член на македонскиот прволигаш е дефанзивецот Емануел Мбенде, 28-годишен дефанзивец кој своевремено ја минал школата на германскиот великан Борусија Дортмунд, а на сениорско ниво бил дел од клубови како Бирмингем, Камбур и Катанија.

Второто освежување е Огузан Ајдоган, офанзивец кој исто во минатото бил дел од школата на „милионерите“, ама и на Бешикташ.

Како сениор има забележано настапи за тимови како Карлсруе, Ахен и Анкараспор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни