Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар останува непобедлив на домашната сцена

Објавено

на

Гостивар се етаблираше како најпријатно изненадување во најсилната кошаркарска елита, но позитивните резултати веќе не се никаква случајност и потврда за тоа добивме и вечерва.

Струмица се покажа како недораснат ривал во обидот да го предзивика лидерот на табелата, кој останува перфектен и непоразен и по шестото коло во Првата лига.

Гостиварчани славеа убедливо со 102:80 и стигнаа до „шест од шест“, биланс кој го нема ниту еден друг тим во лигата, вклучувајќи го и шампионот МЗТ Скопје.

Струмица денеска успеа да парира само во првата четвртина која единствено беше неизвесна со резултат 27:23, но потоа домаќините лесно се одлепија на плус десет и од тој момент го контролираа мечот.

Максималните 12 бода по шест одиграни меча го прават Гостивар самостоен лидер, додека втор е Пелистер со биланс од пет победи и еден пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни