Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар ја надигра Шкендија и го презема врвот во ПМФЛ

Објавено

на

Вонредното коло во Првата македонска фудаблска лига донесе пет натпревари ова попладне,  а убедливо најголемо внимание предизвика оној меѓу двата главни фаворити за титулата.

Гостивар и го нанесе првиот пораз на Шкендија оваа сезона и успеа да го надигра ривалот од Тетово, славејќи со резултат 3:1 на натпреварот кој се одигра во Маџари.

Голманот на Шкендија направи голема грешка во 21-та минута и му подари предност на Гостивар, но погодокот на Огузхан не беше единствен проблем за тимот од Тетово.

Шкендија прими и втор гол на стартот на вториот дел од Марко Симоновски, а за дополнителни возбудувања се чекаше до самата завршница. Ибраими намали на 2:1 во 87-та минута, но Гостивар со голот на Алдаир ги постави конечните 3:1, резултат со кој Гостивар сега е нов лидер во Првата македонската фудбалска лига.

На останатите натпревари ова попладне, Брера и Тиквеш ремизираа 0:0, истиот резултат беше и на натпреварот меѓу Пелистер и Работнички, додека бодовите беа поделени и на пресметките Шкупи-Беса и Воска-Струга (1:1).

Вечерва во 20:00 часот на програмата е дуелот меѓу Вардар и Силекс кој се игра на националната арена „Тодор Проески“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни