Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар и Вардар го сочуваа најдоброто за крај, Слишковиќ спречи деби победа на Михајлов

Објавено

на

Вториот дел од сезоната во Првата македонската фудбалска лига беше отворен со натпервар во Гостивар, каде истоимениот тим го пречека реновинарниот Вардар на домашен терен.

Гостивар влезе како голем фаворит за победа со оглед на тоа што повторно квалитетно се засили, но новиот Вардар предводен од Горазд Михајлов изгледаше многу компактно како тим и потврди дека ќе биде многу потежок ривал во пролетниот дел од сезоната.

Двата тима го сочуваа најдоброто за самиот крај и двата гола ги видовме во завршницата, во која дефинитивно имаат за што да жалат гостите од Скопје.

Вардар поведе со голот на Мишковски во 85-та минута и се чинеше дека постигна гол вреден победа, но така не мислеше Слишковиќ кој погоди за 1:1 во првата минута од судиското продолжение.

На крајот, двата си поделија по еден бод и тргнаа со реми во вториот дел од сезоната, што автоматски направи Вардар да се извлече од дното и да ја мине Брегалница на табелата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни