Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар и Брера промовираа засилувања пред продолжението на ПМФЛ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KFGGostivari

Македонските фудбалски прволигаши Гостивар и АП Брера се пофалија со нови имиња пред продолжението на сезоната во Првата македонска лига.

Гостивар кој има големи амбиции како во првенството така и во Купот се пофали со потписите на интернационалецот од Сирија, Аиас Аосман и младиот голман Баки Алиу кој доаѓа од редовите на Башкими.

Кога е во прашање пак Брера таа промовираше две африкански засилувања, играчот од средината на теренот Фодеј Травали од Гамбија и напаѓачот Фахд Нзенгуе од Габон.

Во првото пролетно коло, Гостивар се соочува со шампионот Струга, додека пак струмичани гостуваат кај Пелистер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни