Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар го задржа „костурот“ на тимот и за наредната сезона

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар почна активно да ја гради екипата за натпреварувачката 2021/2022.

Гостиварци пред неколку денови потврдија дека Александар Јончевски останува нивен тренер и во наредната сезона за да сега бидат обновени договорите со неколку играчи.

Имено во сегашната средина остануваат поранешните македонски репрезентативци Александар Костоски и Марјан Јанески, потоа искусниот центар Александар Тодоровиќ како браќата Роберт и Ренато Димитиевски.

Во наредниот период ќе бидат повлечени и други потези, ќе бидат донесени засилувања, но во тимот ќе се прекомандуваат и неколку младинци кои ќе треба донесат нова енергија, свежина во екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни