Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар го врати Трајчевски во македонскиот фудбал

Објавено

на

Душко Трајчевски по подолга пауза повторно ќе настапува во Првата македонска лига и тоа како член на амбициозниот тим на Гостивар.

Играчот за врска играше на Кипар од 2018 година, прво за Алки, потоа и за Докса од каде доаѓа во редовите на Гостивар.

Кога се во прашање нашите клубови има настапувано за Работнички, Локомотива и Тетекс.

Гостивар воедно ја информираше јавноста дека клубот успеал да го добие и потписот на талентираниот дефанзивец Малик Хамзиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни