Гостивар го надигра МЗТ Скопје во „Јане Сандански“

Gostivar-Kostoski

Кошаркарите на Гостивар успешно ја започнаа новата година, триумфирајќи на гостувањето кај актуелниот шампион МЗТ Скопје со резултат 72:78.

Гостивар водеше во голем дел од средбата, но со разлика која беше достижна за МЗТ, за последната четвртина да донесе посериозна предност за гостите кои до крајот заслужено стигнаа до бодовите и се израмнија со МЗТ на врвот на табелата во македонското кошаркарско првенство.

Доналдсон со 20 и Димчевски со 19 поени биле најефикасни во победничкиот тим, додека кај МЗТ Скопје, најдобар реализатор бил Стојановски со 15 поени.

Двете екипи по ова 12. коло имаат ефект 9-3, а може да им се приклучи и Еуро Никел кој има натпревар и победа помалку.

Facebook Коментари