Македонија
Гостивар го изненади ТФТ, Пелистер ја доби драмата со Чаир

Екипите на Гостивар и Пелистер дојдоа до првите билети за полуфиналето во Купот на Македонија, натпреварување кое го носи името на нашата легенда „Благоја Георгиевски – Буштур“.
Гостивар направи изненадување и официјално го доби првиот носител на турнирот ТФТ со 72:62. Избраниците на Малинков како и на лигашкиот меч со МЗТ Скопје одиграа одлично во одбраната, доволно ефикасно во нападот и ја минаа четвртфиналната рунда.
Петмина играчи кај победникот беа двоцифрени, додека Говенс со 19 кошеви немаше соодветна поддршка кај составот од Тафталиџе.
Пелистар пак добро се испоти, ама го доби Чаир 2030 со 76:72. Средбата беше решена во последните 90 секунди кои „зелено-белите“ ги добија со 4-0 и сега мирно ќе го проследат дуелот меѓу МЗТ и Работнички од каде ќе го добијат наредниот ривал.
Мишковиќ со дабл-дабл од 23 поени и 11 скока беше најдобар, голема поддршка беше новото засилување Гамбрел со 20 кошеви.
Најефикасни кај Чаир беа Кели и Мофит со по 24 поени.
-
Репрезентација16 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет15 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија14 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини
-
Свет16 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет15 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!