Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар го доби потписот на Виктор Ефремовски

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Виктор Ефремовски е нов член на прволигашот Гостивар.

Ефремовски се реши да го напушти најтрофејниот македонски кошаркарски Работнички и да се врати дома и потпише за клубот од градот во кој е роден.

Виктор е еден од најдобрите шутери во шампионатот и ако тренерот Александар Јончевски го извлече максимумот од него тогаш тој може да биде супер квалитетно засилување за Гостивар.

Досега гостиварци освен Ефремовски ги задржаа Александар Костоски и Марјан Јанески, потоа искусниот центар Александар Тодоровиќ како и браќата Роберт и Ренато Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни