Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар донесе уште едно домашно засилување

Објавено

на

Екипата на Гостивар потврди уште едно домашно засилување за натпреварувачката 2021/2022, а тоа е Војче Лефкоски.

Ова значи дека Лефкоски се враќа во родниот град, поточно во тимот во кој ја започна кариерата. Тој во Гостивар доаѓа од Црн Дрим, претходно настапуваше за Вардар, Охрид, Блокотехна и Кожув.

Инаки претходно гостиварци го ангажираа македонскиот репрезентативец Виктор Ефремовски, го задржаа тренерот Александар Јончевски, а нови договори потпишаа Александар Костоски, Марјан Јанески, Александар Тодоровиќ како и браќата Роберт и Ренато Димитриевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни