Шпанија
Господски потег на Барса: Му го продолжи договорот на тешко повредениот играч за врска (Фото)

Ханси Флик на официјалниот прес пред натпреварот со Јанг Бојс соопшти убава вест за враќање на Френки Де Јонг, а кам-бекот на Холанѓанецот е дефинитивно големо олеснување за тренерот кој во раната фаза на сезоната остана без своето најголемо откровение.
Марк Бернал ги воодушеви сите во Каталонија со своите изданија на стартот на сезоната, но за жал, среќата му го заврте грбот на младиот играч за врска кој заработи тешка повреда на коленото.
Кинењето на предниот вкрстен лигамент значеше крај на сезоната за Бернал, а во период кога минува низа најголемите предизвик во кариерата, Барселона реши да постапи господски со него.
Клубот му го продолжи договорот на тешко повредениот член на „Ла Масија“ до 2026-та година, со опција истиот да биде продолжен до 2029-та.
Бидејќи станува збор за прв професионален договор, платата автоматски му е зголемена, а откупната клаузула отсега изнесува 500 милиони евра.
Ова е награда за извонредниот старт на сезоната која ја имаше младиот Марк, но и потстрек напорно да работи за да се врати на терените.
Adecuación del contrato de 𝐌𝐚𝐫𝐜 𝐁𝐞𝐫𝐧𝐚𝐥
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) September 30, 2024
-
Италија8 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија9 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија10 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија10 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет7 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија3 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Шпанија11 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив