Поврзете се со нас

Италија

Госенс си доби дрес на Роналдо и тоа пред дербито со Јувентус (Видео)

Објавено

на

Робин Госенс неодамна призна дека бил понижен од Кристијано Роналдо, откако Португалецот одбил да му го даде дресот по последниот натпревар меѓу двете екипи.

Јувентус и Аталанта ремизираа со резултат 1:1 во Торино, а по средбата Германецот посакал да го добие дресот од својот идол, кој го одбил со едноставно „не“.

Приказната е објавена во неговата автобиографска книга, а се прошири во јавноста преку медиумите, за денеска да биде искористена и за интересен потег од соиграчите на Госенс.

Фудбалерите на Аталанта решиле да ја исправат неправдата и му подарија дрес на Роналдо на Госенс, кој му беше доделен во соблекувалната, по што следуваше и интересна реакција на фудбалерот кој добро ја прифати шегата.

Роналдо не реализираше пенал на споменатиот натпревар и тоа влијаеше Јувентус да не победи, а овие две екипи повторно се среќаваат веќе претстојниот викенд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни