Поврзете се со нас

Италија

Госенс ја врати Фиорентина на победнички патеки во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Тимот на Фиорентина ја прекина серијата на лоши резултати во Калчо лигата и тоа во пресметката со Лече на „Артемио Франки“ која заврши со резултат 1-0.

„Виолетовите“ ги загубија претходните три средби со Интер, Комо и Верона и имаа само една цел на овој меч, позитивен резултат и освојување на трите бода, цел која избраниците на Паладино ја остварија.

Како доволен за 13. победа во шампионатот се покажа погодокот на Госенс со глава во 9 минута по одличниот центаршут на Додо. Домаќините во вториот дел имаа можност да ја зголемат предноста, ама Белтран во 73 минута не го реализираше ударот од 11 метри.

Фиорентина со 45 бода е на 6 позиција на табелата.

ОВДЕ погледнете го победникиот гол.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни