Поврзете се со нас

Балкан

Горица му врачи отказ на Ангеловски

Објавено

на

Игор Ангеловски веќе не е тренер на Горица, откако претседателот на хрватскиот прволигаш утринава официјално го отпушти од позицијата.

Фенерџијата во хрватското првенство загуби на последното гостување во Истра со гол во судиското надополнување, па новиот неуспех очигледно бил пресуден за завршување на соработката.

Горица не успеа да освои ниту една победа по доаѓањето на Ангеловски и остана на дното на шампионатот, а не помогна ниту одлуката на клубот да го постави и на функцијата спортски директор.

Ангеловски претходно и самиот понуди оставка по поразот од Хајдук, на кој судиската комисија потврди дека неговиот тим бил оштетен, но тогаш клубот не ја прифати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни