Поврзете се со нас

Промоции

Gorenje ве освежува за време на FIFA World Cup Qatar 2022

Објавено

на

Како официјален спонзор на FIFA World Cup Qatar 2022™, Gorenje е дел од овогодинешниот најголем спортски настан во светот. „Време за освежување“ е основната порака на кампањата, засилена со гестот на судијата кој го држи картонот, но овој пат освежувачки тиркизна, бидејќи Gorenje внесува свежина во домовите на навивачите. Gorenje се надева дека повиците за освежување ќе ги надминат повиците за прекршоци на овој турнир и дека рекордот на Марадона од 53 прекршоци претрпени на светското првенство во 1986 година никогаш нема да се повтори.

Повеќе повици за освежување, помалку за фаули

За време на светското првенство во 1986 година, неверојатниот Аргентинец Марадона постигна или асистираше 10 од 14 гола, но го држи и рекордот како играч најмногу фаулиран на светското првенство, во машка конкуренција. На седум натпревари тој бил фаулиран 53 пати, односно 7,6 пати по меч или приближно еднаш на 12 минути. Со ова темпо, освежувањето би било многу подобра опција, не само за најголемиот играч на тој турнир, туку и за сите љубители на фудбалот.

Светско првенство за прв пат во зима
Светското првенство годинава за првпат во историјата се одржува во зима, бидејќи температурите во Катар се навистина високи во лето. Но атмосферата од 20 ноември до 18 декември сигурно ќе биде уште пожешка поради интензивната конкуренција, па Gorenje настојува да внесе свежина во домовите на фудбалските фанови ширум Европа. Избраните Gorenje фрижидери станаа официјални производи на FIFA World Cup Qatar 2022™.

Останете „кул“ со тимот на Gorenje
Бидејќи страста е најважна во фудбалот, атмосферата може брзо да се прегрее, па паметно и практично е при рака да се има „најкул“ домашниот тим на Gorenje. Изборот на фрижидери на Gorenje е одлука во вистинската насока бидејќи познатиот бренд на апарати за домаќинство со долга традиција и иновативна технологија е секогаш прифатлива опција. Висок квалитет, значителни заштеди на енергија, одличен дизајн и напредни технолошки решенија создадени за максимална удобност и едноставност на секојдневниот живот.

Судиjата на Gorenje бара нова понуда
Кога во играта ќе се вклучи и судијата од спонзорската кампања на Gorenje… време е за специјална продажба на одбрани фрижидери! Како официјални производи на FIFA World Cup Qatar 2022™, Gorenje апаратите се избрани да станат дел од вашиот домашен победнички тим. Дознајте повеќе за квалитетот и ефикасноста на Gorenje и одвојте време да ја проверите одличната освежувачка понуда: Уживајте во FIFA World Cup Qatar 2022™| gorenje-mk. Достапно само нa mk.gorenje.com или во најблиските продажни партнери на Gorenje.

За спонзорството на Gorenje на FIFA World Cup Qatar 2022™

Gorenje со децении ја гради свеста за брендот спонзорирајќи ја европската ракометна лига, а во последните две години брендот успешно влезе и во светот на фудбалот. Спонзорството на Gorenje на FIFA World Cup Qatar 2022™ е повеќе од само објавување на името на брендот и логото. Станува збор за посветеноста на компанијата да го поддржи светот на спортот, градејќи репутација како грижлив, одговорен и силен бренд на апарати за домаќинство. Дополнително, поддршката на спортот значи активно да се биде значаен дел од првенството, како и партнер на навивачите во нивното секојдневие. Со развивање и производство на модерни, висококвалитетни, сигурни и енергетски ефикасни апарати за домаќинство, Gorenje им помага на луѓето да го поедностават својот живот. Ова им овозможува на клиентите ширум светот да поминуваат повеќе време уживајќи во она што го сакаат и со оние што ги сакаат, а помалку време да се грижат за нивните секојдневни задолженија и обврски.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни