Горење ја продолжи негативната серија на Металург во СЕХА

Bozo-Andjelic

Металург го загуби дуелот со Горење од СЕХА лигата со резултат 24:29 и ја продолжи негативната серија во регионалното ракометно натпреварување.

Гостите од Словенија најчесто имаа предност во текот на цело прво полувреме кое го добија со 16:14, а во вториот дел Металург неколку пати доаѓаше до минимална предност, последен пат водеше со 23:22 во 48. минута од натпреварот. Од тие моменти Горење го подигна нивото во одбрана и успеа на крајот да стигне и до убедлива победа од 29:24.

Јагањац со 6, односно Димитриоски и Анѓелиќ со по 4 гола беа најефикасни кај Металург, додека во редовите на Горење Поточник реализираше 5 гола.

За Металург ова беше трет пораз во серија во СЕХА лигата и останува на 6 освоени бодови во долниот дел на табелата.

Facebook Коментари