Горецка „пресече“ околу својата иднина и го избра новиот клуб

gorecka

Членот на бундеслигашот Шалке, Леон Горецка донесе одлука околу својата иднина и го добра клубот во кој ќе ја продолжи кариерата.

За германскиот репрезентативец имаше интерес од скоро сите најголемите европски гиганти (Барселона, Ливерпул, Јувентус, Јунајтед…), но тој одлучи да остане во својата земја и да го одбере Баерн Минхен.

Оваа информација ја објави реномираниот „Билд“ што пак се поклопува со ексклузивата на шпанска „Марка“ дадена во последниот ден од минатата година по што се појавија одредени деманти дека се уште нема донесено конечна одлука. Меѓутоа по се изгледа таа информација на „Марка“ била точна со тоа што се очекува Горецка да ја објави официјално оваа одлука во наредните денови и тоа откако Шалке ќе го заврши зимскиот камп во Бенидорм.

Клубот од Гелзенкирхен очајно посакуваше да го задржи Горецка во своите редови, му понуди договор кој ќе го направеше најплатен играч во историјата на оваа екипа, меѓутоа фудбалерот од средината на теренот донесе одлука за промена на тимот.

Овој играч Баерн ќе го добие без оштета со оглед на тоа што на Германецот му завршува договорот по крајот на актуелнава кампања.

Facebook Коментари